ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој Друштвото за организиција на настани Евентика ДОО Скопје (понатаму „Евентика“, „Ние“) ги собира, користи и обработува Вашите лични податоци при користење на веб-сајтот www.socialize.mk (понатаму: „веб-сајт“) и/или користење на услугите поврзани со фестивалот за дигитална креативност и технологии „Socialize“. Со пристапот на веб-сајтот, потврдувате дека ги прочитавте, разбирате и се согласувате со условите на „Политиката за приватност“.
Содржината на веб-сајтот www.socialize.mk е наменета за лица над 18 години. Доколку лице под 18 години ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да го известат Друштвото за организиција на настани Евентика ДОО Скопје.
При посетата на веб-сајтот се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при користење на услугата за купување билети.
Доколку го преземете ова дејство вие давате согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате. При купување на билети преку веб-сајтот, Евентика ги обработува следните лични податоци:
При користење на услугата „Рефундирање на средства“, Евентика ги обработува следните лични податоци:
При пополнување на формуларот “Стани спонзор/партнер на овој настан”, Евентика ги обработува следните лични податоци:
При пополнување на формуларот за пријавување на наградите „Socialize Awards“, Евентика ги обработува следните лични податоци:
При користење на услугата „Newsletter“ (електронски билтен), Евентика ги обработува следните лични податоци:
За да ја направиме Вашата посета на веб-сајтот попријатна и персонализирана, Евентика користи „колачиња“ – мали текстуални датотеки што се складираат на Вашиот уред. Колачињата се користат за следење на активности на веб-сајтот и за обезбедување на персонализирани услуги. Со користење на веб-сајтот, се согласувате со користењето на колачиња. Доколку сакате да дознаете повеќе за тоа како ги користите колачињата, можете да пристапите до нашата „Политика за колачиња“.
Вашите лични податоци се собираат директно од Вас при користење на услугите на веб-сајтот, вклучувајќи го купувањето на билети, пополнување на формулари за спонзорство или пријавување за наградите Socialize.
Евентика ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за следните цели:
Вашите лични податоци ќе се обработуваат исклучиво за целите за кои се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат механички и/или електронски, од страна на лица вработени или ангажирани од Евентика, кои имаат пристап до истите и се авторизирани да извршуваат анализи, со почитување на принципите за обработка на личните податоци согласно Законот за заштита на личните податоци.
Обработката на Вашите лични податоци ја врши Евентика во согласност со прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на Вашите лични податоци.
Дополнително, Евентика применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата веб-страница. Личните податоци можат да бидат доставени само на надлежните органи согласно со законски предвидената постапка.
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, тие ќе бидат избришани, освен ако Евентика има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.
Личните податоци собрани при користење на услугата Контакт ќе се чуваат до повлекување на Вашата согласност, освен ако истите се дадени заради реализација на Ваши права во врска со купен билет, во кој случај Евентика ги чува податоците во рок од 1 (една) година.
При користење на услугата Newsletter (електронски билтен), Евентика ги чува Вашите лични податоци до повлекување на Вашата согласност.
Вашите лични податоци можат да се користат за испраќање на директни маркетинг соопштенија и други услуги поврзани со фестивалот Socialize. Овие комуникации можат да вклучуваат информации за претстојни настани, промоции и новости, испратени преку е-пошта, СМС, телефонски повици или целни интернет-реклами.
Ние се стремиме да го ограничиме директниот маркетинг на разумно и пропорционално ниво, испраќајќи Ви информации за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме. Вашите лични податоци ќе се користат за директен маркетинг исклучиво врз основа на Вашата согласност, која можете да ја дадете при пристап и користење на нашите услуги.
При посетата на нашиот веб-сајт, имате можност да ја оставите Вашата е-маил адреса во полето „Бидете во тек со најновите информации за фестивалот“ со кликање на копчето „ЗАЧЛЕНИ СЕ“.
Вие имате право во секое време да побарате од нас да не Ви испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци за профилирање во цели на директен маркетинг. Можете да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија следејќи ги упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување во долниот дел од пораката: „Unsubscribe from this list“.
Вашите права можете да ги остварите и преку контакт:
Како субјект на личните податоци, имате следниве права:
За да ги остварите овие права, контактирајте не на e-mail: contact@eventika.mk.
Евентика ги презема сите потребни мерки за заштита на Вашите лични податоци од неовластен пристап, губење, злоупотреба или уништување. Вашите податоци ќе бидат чувани согласно применливите закони за заштита на лични податоци.
Евентика може да ја измени оваа Политика за приватност во било кое време, а сите измени ќе бидат објавени на веб-сајтот. За сите нови информации, Ве молиме редовно да ја прегледувате Политиката за приватност.
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Евентика и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.
Евентика не врши пренос на лични податоци во трети земји.
Оваа Политика за приватност е објавена на 27.2.2025 година.
Со оваа „Политика за приватност“, Евентика се обврзува да ги почитува Вашите права и да обезбеди безбедноста на Вашите лични податоци. Вашата согласност е важна за нас, и ние сме тука да Ви помогнеме во секое време.