4 причини зошто не смеете да го пропуштите првиот фестивал на дигитална креативност и технологии Socialize 2025
Socialize ќе ви овозможи уникатна прилика да слушнете излагања од врвни експерти во областа на социјалните медиуми, дигиталниот маркетинг и технологиите. Панел дискусиите и студиите на случај ќе ги објаснат најновите трендови и стратегии што ги обликуваат креативните индустрии и новите технологии и ќе ви покажат како можете да ги примените во вашата кариера или бизнис.
Во атмосфера на креативност и иновации, фестивалот ќе ви овозможи да ги откриете новите можности и идеи кои ја моделираат иднината на дигиталниот маркетинг и технологиите. Ќе се поврзете со луѓе од различни области и ќе бидете инспирирани да го унапредите вашиот проект или кариера.
Socialize ќе заврши со свечена церемонија за доделување награди за најдобрите дигитални решенија во Македонија. Ова е одлична прилика да се покаже вашето креативно работење и можност да добиете признание за вашите достигнувања во индустријата.
Socialize нуди одлична прилика за дружење, забави и неформални разговори со другите учесници. Ова е идеално место не само за работа, туку и за опуштање и уживање во дружењето со луѓе од вашата индустрија.
Пријавете се на Socialize Digital Creativity & Tech Festival и станете дел од најважниот настан за технологии, дигитален маркетинг и социјални медиуми во Македонија!
Локални ѕвезди со глобални успеси е главната тема на првата конференција во Македонија која ќе ги собере на едно место највлијателните експерти во областа на социјалните медиуми, дигиталниот маркетинг и технологиите.
Преку инспиративни говори на познати маркетинг стручњаци и низа панел дискусии со влијателни професионалци од повеќе различни индустрии во Македонија, ќе се разгледуваат новите трендови и стратегии во дигиталниот маркетинг и технологиите.
Во посебни сесии, ќе бидат презентирани успешни приказни на познати спикери, претприемачи, технолошки експерти, инфлуенсери и контент креатори кои со своите оригинални креативни идеи и бизнис потфати станале вирални и постигнале глобален успех.
Инспиративни говори на истакнати маркетинг и технолошки експерти
Панел дискусии со влијателни експерти од креативната индустрија, технолошките компании и дигиталните медиуми
Успешни приказни на познати маркетинг и технолошки експерти, основачи на иновативни компании, инфлуенсери и контент креатори
*Целосната агенда ќе биде објавена наскоро
Извршен директор, Иуте Македонија
#1 LinkedIn Growth Expert
CEO, HeyReach
CEO, SmartClick
COO, SmartClick
SEO Director, SmartClick
Content Creator
Наскоро
Наскоро
Наскоро
Наскоро
Socialize Awards им оддава признание на македонските технолошки компании, институции, агенции и контент креатори за најквалитетни и најпрофесионални индивидуални и интегрирани кампањи и проекти кои постигнале врвни деловни резултати и препознатливост на брендот во текот на изминатата година.
Целта на Socialize Awards е да ги поттикне и мотивира македонските експерти за дигитални производи и технолошки решенија, социјални медиуми и дигитален маркетинг, како и да ја истакне нивната способност, талент и креативност пред стручната јавност, а истовремено и да придонесе за подобрување и развој на овие иновативни професии во Македонија.
Почнувајќи од оваа година, сите заинтересирани технолошки компании, агенции, фриленсери и контент креатори од Македонија ќе можат да се пријават за престижните награди Socialize Awards, кои во периодот од 1.4.2024 година до 1.4.2025 година успешно ги реализирале своите кампањи на македонскиот пазар.
Номинациите се отворени до 10 април 2025 година и се целосно бесплатни.
Комерцијален директор, Иуте Македонија
Редовен професор, Економски факултет – Скопје
Основач, Скала – Школа за дизајн и технологија
Директорка на корпоративни и маркетинг комуникации, Халкбанк АД Скопје
CEO, EonEden
CEO, SmartClick
Наскоро
Наскоро
Наскоро
Наскоро
27.03.2025
14.01.2025
Socialize Digital Creativity & Tech Festival не би можел да се реализира без поддршката од нашите спонзори, медиумските и организациските партнери. Нивната визија и доверба се основа за иницирање на позитивни промени во македонската креативна индустрија.
ПЛАТИНУМ ПАРТНЕР
ЗЛАТНИ ПАРТНЕРИ
СРЕБРЕНИ ПАРТНЕРИ
БРОНЗЕНИ ПАРТНЕРИ
ЕКСКЛУЗИВЕН МЕДИУМСКИ ПАРТНЕР
МЕДИУМСКИ ПАРТНЕРИ