УСЛОВИ ЗА УПОТРЕБА 

Добредојдовте на официјалната веб-страница на фестивалот за дигитална креативност и технологии Socialize, организиран од Друштвото за организација на настани ЕВЕНТИКА ДОО Скопје. Со користење на нашата веб-страница, се согласувате со „Условите за употреба“ дефинирани подолу. Ве молиме внимателно да ги прочитате и доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не. 

ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА УПОТРЕБА 

Друштвото за организација на настани ЕВЕНТИКА ДОО Скопје е носител на авторските права на сите содржини на веб-страницата www.socialize.mk. Со користење на оваа страница и услугите што ги нуди, се согласувате со „Условите за употреба„. Исто така, се согласувате со „Политиката за заштита на лични податоци“ и се обврзувате редовно да ги прегледувате „Условите за употреба“, бидејќи тие можат да се менуваат. 

Напомена: Ако не се согласувате со „Условите за употреба“, Ве замолуваме да не ја користите веб-страницата и да не вршите купувања на билети или други услуги поврзани со фестивалот. 

Овие услови се применуваат на сите содржини на веб-страницата на фестивалот. 

ЕВЕНТИКА ДОО Скопје  

Адреса: Ул. Орце Николов 68/1, 1000 Скопје 
Телефон: +389 78 257 187
Е-пошта: contact@eventika.mk
Веб-сајт: www.eventika.mk 

  1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Евентика ДОО Скопје е носител на авторските права на сите содржини на веб-страницата www.socialize.mk и може да се користат исклучиво со писмена дозвола од носителот на авторските права. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување или измена на веб-страницата без писмена согласност од Евентика ДОО Скопје е строго забрането. Прекршувањето на овие услови може да доведе до правни последици.  

Евентика ДОО Скопје го задржува правото да ги измени овие услови во било кое време со ажурирање на овој документ. Ве молиме редовно прегледувајте ги актуелните услови. 

  1. КУПУВАЊЕ НА БИЛЕТИ И СПОДЕЛУВАЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

При купување на билети за учество на фестивалот, корисниците се согласуваат да ги споделат следниве лични податоци: 

  • Име и презиме 
  • Назив на компанијата 
  • Телефонски број 
  • Е-пошта 
  • Адреса (улица, град, држава, поштенски код) 

Овие податоци се користат исклучиво за процесирање на регистрациите и комуникацијата во врска со фестивалот. 

  1. ЛИНКОВИ КОН ДРУГИ ВЕБ СТРАНИЦИ

Линковите кон други веб-страници на трети страни се поставени на веб-страницата на фестивалот за промотивни цели и полесен преглед на содржините. Евентика ДОО Скопје не носи одговорност за содржините на тие веб-страници и нивната точност. Пристапот до тие страници се врши на сопствен ризик. 

  1. ПРИСТАП ДО САЈТОТ

Евентика ДОО Скопје го задржува правото да го ограничи или прекине пристапот до веб-страницата, без предупредување и образложение, во било кое време. Иако веб-страницата е достапна 24 часа на ден, 7 дена во неделата, не гарантираме дека ќе биде без прекини или грешки, ниту сносиме одговорност за какви било губитоци или штети што можат да произлезат од тоа. 

Контакт информации: 

Евентика
Адреса: Ул. Орце Николов 68/1, 1000 Скопје 
Телефон: +389 78 257 187
Е-пошта: contact@eventika.mk
Веб-сајт: www.eventika.mk