Интервју I Игор Трпковски, Иуте: BNPL (Buy now, pay later) – Од иновација до моќна бизнис алатка

Во бизнис опкружувањето, „Купи сега, плати подоцна – Buy now, pay later“ (BNPL) моделот станува сè повеќе популарен како начин за поттикнување на бизнис продажбите, финансиска флексибилност и уникатно потрошувачко искуство по светски терк.  Кај нас, Иуте Македонија го воведе ова решение пред 3 години и во моментов соработува со повеќе од 650 партнери, 1000 продажни места и 100 е-продавници.

Игор Трпковски, Комерцијален директор на Иуте, објаснува повеќе на темата како BNPL станува катализатор на бизнис промени и трансформација.

BNPL станува сѐ поприсутен на глобално и локално ниво. Како го доживувате неговото влијание врз дигиталната трансформација на пазарот?

Игор Трпковски: Нашето искуство со BNPL покажува дека не станува збор само за флексибилен иновативен финансиски модел, туку вистински катализатор за дигитална и бизнис трансформација. Преку нашата мобилна апликација MyIute, која користи машинско учење и вештачка интелигенција, клиентите можат целосно дигитално да купуваат и плаќаат на рати, брзо, безбедно и транспарентно. За трговците, ова значи нов канал за дополнителна продажба, проширување на клиентската база и зголемени приходи – сето тоа без дополнителен ризик и со лесна и едноставна интеграција без дополнителни трошоци. Исплатите се вршат истиот ден и нивната ликвидност никогаш не доаѓа во прашање.

Какви се конкретните резултати кои ги забележавте кај партнерите што го имаат интегрирано BNPL моделот?

Игор Трпковски: Во изминатата година, нашата партнерска мрежа порасна за 53%, а бројот на ново-интегрирани е-продавници за 40%. Истовремено, базата на активни корисници порасна за повеќе од 25%. На пример, нашиот онлајн партнер и еден од најбрзорастечките маркетплејси Супермарт реализираше 40% од вкупната продажба преку нашиот BNPL канал. Ова се силни показатели за ефектот што го има BNPL врз растот и позиционирањето на компаниите во дигиталната економија.

Освен финансискиот аспект кој не вклучува никаков трошок и едноставната ингеграција, што е клучно за успешно имплементирање на BNPL во еден бизнис?

Игор Трпковски: Клучно е партнерството да не заврши со техничката интеграција. Ние нудиме целосна поддршка – од иницијалните консултации и API скрипти за платформите како WordPress, Presta Shop и OpenCart, до заеднички маркетинг активности.

Исто така, партнерите освен што добиваат комплетна поддршка за време на целиот процес на интеграција, добиваат и вклучување во заеднички маркетинг активности со цел соодветна промоција, како и континуирана техничка и партнерска поддршка. Нашата цел е постигнување на долгорочен ефект и резултати.

Какво е значењето на партнерската корисничка поддршка во контекст на BNPL?

Игор Трпковски: Со потпишување на договорот, партнерите добиваат целосна обука. Покрај тоа што целата постапка е дигитална, на располагање е live status платформа на која во исто време работиме ние, а партнерите го следат статусот, пришто активен е и chat box со 24/7 поддршка за партнерската мрежа и нивните вработени.

Освен дигиталниот процес, достапност и напредни алатки, на располагање имаме мрежа од теренски координатори на партнерската мрежа, кои се распределени низ цела држава и достапни за партнерите за време на целото работно време.

Несомнено е дека денес, клиентите, односно потрошувачите бараат брзи, јасни и достапни одговори. Нашата цел е заеднички со партнерите да им овозможиме целосна достапност, транспарентност и врвно корисничко искуство, токму она што е потребно за креирање на релации од доверба и лојалност.

Колку е важна креативноста и дигиталната присутност во денешното работење и како Иуте го негува тој пристап?

Игор Трпковски: Во Иуте сме посветени на градење култура на креативност, каде што се охрабрува секој тим да размислува „надвор од шаблонот“ и да ги следи глобалните трендови. Веруваме дека дигиталната присутност денес не е опција, туку основа за кредибилитет, раст и доверба. Токму затоа постојано инвестираме во дигитални алатки и нови персонализирани решенија кои го подобруваат корисничкото искуство.

Што би им препорачале на компаниите кои сѐ уште не го имаат интегрирано BNPL моделот?

Игор Трпковски: Нашата препорака е – направете го првиот чекор. Процесот е брз, едноставен и безбеден. Нашиот тим е тука за целосна техничка и бизнис поддршка, од иницијална евалуација до имплементација и заедничка промоција. Во време кога BNPL пазарот во Европа надмина 220 милијарди долари, а бројот на корисници глобално се движи кон 900 милиони до 2027, прашањето е само кога, а секако – колку побрзо, толку подобро за вашиот бизнис.

Бизнисите кои се иновативни и сакаат да растат на долг рок, веќе ја препознаа оваа алатка како одлична можност за бизнис експанзија и пазарен раст, нудејќи им на своите корисници уникатно и иновативно потрошувачко искуство.

Поврзани Новости

Презентација | Никола Соколов, Influencers.club: Скалирање без инвестиции – Како го изградивме influencers.club до глобален бренд без VC пари

03.11.2025

Во време кога стартап културата често значи трка по инвестиции, Никола Соколов од Influencers.club на фестивалот „Socialize 2025“ понуди целосно…
Прочитај повеќе

Презентација | Каидо Кук, Иуте Естонија: BNPL – Од иновација до моќна бизнис алатка

03.11.2025

Кога ќе се спомне „Buy Now, Pay Later“ (BNPL), повеќето помислуваат на банкарски модел. Но презентацијата на Каидо Кук, раководител…
Прочитај повеќе

Презентација | Д-р Ирена Богоевска Гаврилова, Економски факултет при УКИМ: Маркетинг преку инфлуенсерите – Како инфлуенсерите влијаат врз зголемување на продажбата

28.10.2025

Дали допадливоста продава? Според д-р Ирена Богоевска Гаврилова, одговорот е силно „да“. На фестивалот за дигитална креативност и технологии „Socialize…
Прочитај повеќе

Презентација | Дарко Ефремов, SupportKocani.com: Од желба да се помогне до платформа за донации во милиони за 2 часа

28.10.2025

Кога веста за трагедијата во Кочани го обиколи регионот, емоциите беа силни, но уште посилна беше одлуката на една група…
Прочитај повеќе