Презентација | Огнен Огненоски, Бизнис Мрежа: Маркетинг индустријата под лупа: што зборуваат бројките за изминатите три години

Креативноста може да привлече внимание, но само податоците ја откриваат вистинската моќ. Огнен Огненовски, основач и извршен директор на BiznisMreza.mk и долгогодишен аналитичар на корпоративните движења, ја отвори конференциската програма на фестивалот за дигитална креативност и технологии „Socialize 2025“ и понуди уникатен преглед врз македонската агенциска сцена, поткрепен со конкретни податоци, прецизни анализи и остри согледувања. 

Агенции со раст и оние што исчезнуваат 
Од бројот на новоосновани компании до стапката на преживување, Огненовски ја откри динамиката што стои зад сјајот на маркетинг индустријата. Презентацијата покажа дека зад секоја кампања стои бизнис структура што мора да биде флексибилна, солвентна и стратешки позиционирана. Податоците за згаснати агенции беа потсетник дека креативноста без менаџмент не е одржлива. 

Каде е силата по градови и по сопственост 
Интересно откритие беше територијалната распределба на агенциите, како и структурата по сопственост. Доминираат агенции од Скопје, но втората маркетинг ера полека се шири надвор од главниот град. Презентацијата го отвори прашањето: Дали пазарот е навистина конкурентен, или централизираниот пристап сѐ уште доминира во креативната економија? 

Топ 10 со реален импакт и плата што ја следи продуктивноста 
Листите на ТОП 10 агенции според приходи, добивка и број на вработени беа најочекуваниот сегмент – и најсподелуван дел од презентацијата. Вредноста не се мери само во кампањи, туку и во нето плата, наплата на побарувања и долгорочна бонитетна оцена. Како што Огненовски рече: „Податоците зборуваат, вие одлучувате.“ А маркетинг професионалците што беа присутни, сигурно излегоа од салата со многу идеи и уште повеќе прашања. 

Анализата беше важен сигнал: време е агенциите да се гледаат не само како креативни партнери, туку како сериозни бизнис ентитети со мерлив импакт. 

Поврзани Новости

Презентација | Никола Соколов, Influencers.club: Скалирање без инвестиции – Како го изградивме influencers.club до глобален бренд без VC пари

03.11.2025

Во време кога стартап културата често значи трка по инвестиции, Никола Соколов од Influencers.club на фестивалот „Socialize 2025“ понуди целосно…
Прочитај повеќе

Презентација | Каидо Кук, Иуте Естонија: BNPL – Од иновација до моќна бизнис алатка

03.11.2025

Кога ќе се спомне „Buy Now, Pay Later“ (BNPL), повеќето помислуваат на банкарски модел. Но презентацијата на Каидо Кук, раководител…
Прочитај повеќе

Презентација | Д-р Ирена Богоевска Гаврилова, Економски факултет при УКИМ: Маркетинг преку инфлуенсерите – Како инфлуенсерите влијаат врз зголемување на продажбата

28.10.2025

Дали допадливоста продава? Според д-р Ирена Богоевска Гаврилова, одговорот е силно „да“. На фестивалот за дигитална креативност и технологии „Socialize…
Прочитај повеќе

Презентација | Дарко Ефремов, SupportKocani.com: Од желба да се помогне до платформа за донации во милиони за 2 часа

28.10.2025

Кога веста за трагедијата во Кочани го обиколи регионот, емоциите беа силни, но уште посилна беше одлуката на една група…
Прочитај повеќе