Презентација | Коста Петров, P World: Повеќе од трендови: Верувањето на вашиот бренд е се!

Во свет каде што вниманието се брои во секунди, а трендовите траат колку еден swipe, највредната и најретката валута за брендовите станува довербата. Но довербата не се гради со кампањи, се гради со доследност, автентичност и суштинско верување. Оваа моќна порака ја испорача Коста Петров, извршен директор на глобалната агенција P World, за време на неговото предавање на фестивалот за дигитална креативност и технологии „Socialize 2025“ . Неговото обраќање беше јасен повик до маркетинг професионалците: време е да престанеме да трчаме по краткотрајни алгоритамски победи и да почнеме да градиме брендови што веруваат, инспирираат и траат.

Создадете движење, а не само публика

Во ера на постојан дигитален шум, луѓето бараат значење, не содржина. Петров ги охрабри брендовите да го откријат, дефинираат и јавно застапуваат своето верување. Не се работи за слоган или убава порака, туку за онаа вистина што живее во секој аспект од брендот. Тоа верување мора да биде преточено во акција и да биде видливо во секој допир со публиката. Преку примери како Nike („Ако имаш тело, ти си спортист“) или Dove („Вистинската убавина доаѓа во многу форми“), беше нагласено дека најмоќните брендови не се тие што говорат најгласно, туку тие што се најискрени.

Моќта на платформите е ограничена без вистинска цел

И покрај огромната експанзија на кратки видеа и „social-first“ содржина, податоците се јасни: 70% од потрошувачите очекуваат брендот да се залага за нешто поголемо од самиот себе. И уште поважно, 90% од нив ја градат довербата според тоа како брендот се претставува на социјалните мрежи. Креативноста и автентичноста не се „nice to have“ тие се дел од профитната равенка. Дури 47% од растот на продажбата доаѓа токму од квалитетот на креативата, според Nielsen. Пораката е едноставна: кратката форма не значи плитка содржина, напротив, токму таму има најголема можност за длабока поврзаност.

Верувањето како конкурентска предност

Во динамична средина каде што секојдневно никнуваат нови трендови, алатки и формати, брендот што знае во што верува е секогаш чекор напред. Тоа верување станува компас, стратегиски водич за секоја кампања, секој пост и секој избор. Петров ја заврши својата презентација со силна порака: не градете бренд што следи трендови, изградете бренд што ги создава. И кога ќе престанеме да мериме успех во лајкови и прегледи, а почнеме да го мериме во влијание, автентичност и лојалност, тогаш ќе знаеме дека навистина сме ја разбрале вредноста на брендот во новата дигитална ера.

Поврзани Новости

Презентација | Никола Соколов, Influencers.club: Скалирање без инвестиции – Како го изградивме influencers.club до глобален бренд без VC пари

03.11.2025

Во време кога стартап културата често значи трка по инвестиции, Никола Соколов од Influencers.club на фестивалот „Socialize 2025“ понуди целосно…
Прочитај повеќе

Презентација | Каидо Кук, Иуте Естонија: BNPL – Од иновација до моќна бизнис алатка

03.11.2025

Кога ќе се спомне „Buy Now, Pay Later“ (BNPL), повеќето помислуваат на банкарски модел. Но презентацијата на Каидо Кук, раководител…
Прочитај повеќе

Презентација | Д-р Ирена Богоевска Гаврилова, Економски факултет при УКИМ: Маркетинг преку инфлуенсерите – Како инфлуенсерите влијаат врз зголемување на продажбата

28.10.2025

Дали допадливоста продава? Според д-р Ирена Богоевска Гаврилова, одговорот е силно „да“. На фестивалот за дигитална креативност и технологии „Socialize…
Прочитај повеќе

Презентација | Дарко Ефремов, SupportKocani.com: Од желба да се помогне до платформа за донации во милиони за 2 часа

28.10.2025

Кога веста за трагедијата во Кочани го обиколи регионот, емоциите беа силни, но уште посилна беше одлуката на една група…
Прочитај повеќе