Интервју | Милан Савов, SmartClick: Од фриленс кон бренд со јасна визија

Патот од индивидуален фриленсер до основач на успешна агенција со јасна ниша и стратешка насока не е секогаш драматичен, но бара внимателна и храбра одлука, како и јасна визија. Милан Савов, основач на SmartClick, го направи токму тој чекор – со фокус на раст, вредност и квалитет, без преголема драма.  Денес, неговата агенција работи со B2B SaaS компании ширум светот, применувајќи прецизна SEO стратегија и со јасно дефиниран идеален клиент. 

Во разговорот за првото издание на Socialize, Савов зборува за важноста на продажбата како нов начин на размислување, за улогата на фокусот во градењето експертиза и за тоа што значи кога агенцијата станува и сопствен клиент. Ова интервју нуди искрен увид во претприемачкиот премин што сè уште го задржува суштинскиот фриленсерски дух, надграден со тим, структура и резултати што носат препознатливост на глобално ниво. 

1. Како настана идејата за SmartClick? 

Сè започна додека работев како фриленсер. Имав многу работа, не можев да постигнам, а во мене веќе тлееше претприемачкиот дух – идејата да направам тим и да опслужиме повеќе клиенти. 

Во тој период, еден од клиентите имаше многу повеќе задачи од тоа што јас сам можев да ги завршам. Тој ми предложи да отворам компанија, за да му ги покријам сите барања и да може полесно да ме плаќа. 

Така решив – ќе земам уште еден човек со мене и ќе стартуваме. Така настана SmartClick. 

2. Што беше најтешкиот mindset shift од фриленсер во претприемач? 

Продажбата. Како фриленсер, клиентите сами ме наоѓаа. Профил, рејтинг, портфолио – и работата доаѓаше. Но кога отворив агенција, сè се смени. Сега јас требаше да ги носам клиентите. 

Требаше време да сфатам дека продажбата не е наметнување. Преку настани, запознавања, разговори – разбрав дека продажбата значи само: дали можам да ти помогнам? Ако можам – супер, ако не – не форсираме. 

И најважно – кога имаш тим што испорачува квалитет, клиентите не само што остануваат, туку и те препорачуваат. 

3. Колку е важно да си најдеш свој niche и да не работиш сè за секого? 

Пресудно е. Ако работиш сè за секого – не си експерт. А кога не си експерт, не можеш да наплатиш колку што вредиш. 

Кога најдовме кој е нашиот идеален клиент – B2B SaaS компании – сè си дојде на место. Знаеш на кои настани да одиш, со кого да зборуваш, кои проблеми ги решаваш, и кому помагаш. И целиот тим се структуира така што можеме најдобро да им служиме токму на тие клиенти. 

4. Што значи кога си сам на себе клиент? 

Тоа значи дека секогаш си последен на листа. Секогаш нешто итно излегува за клиентите, а твојот вебсајт, твоите KPIs, твојата стратегија – чекаат. Ние три пати го правевме вебсајтот, па го паузиравме. Додека не решивме да си бидеме самите себе клиент: со неделни состаноци, KPI, внатрешни репорти. Само така, конечно, го завршивме и објавивме новиот вебсајт. 

5. Каде го гледаш SEO-то во SaaS индустријата? И кога треба да се вклучи? 

SEO е стратешки потег, и најдобро е кога се планира од самиот почеток. 

Кога таргетираш зборови што луѓето свесно ги пребаруваат – резултатите доаѓаат. 

Ние секогаш работиме со стратегија што ги покрива трите фази на buyer journey: 

  • луѓе што се едуцираат и истражуваат, 
  • луѓе што споредуваат решенија, 
  • и тие што се спремни да купат. 

Ако SEO е поставен правилно – ќе донесе traffic и посети , но и клиенти. 

Поврзани Новости

Презентација | Марина Трајковиќ, Coca-Cola Company: Како Coca-Cola го редефинира маркетингот со генеративна вештачка интелегенција

07.10.2025

Во време кога брендовите се натпреваруваат кој побрзо ќе впише „AI“ во својата стратегија, The Coca-Cola Company одамна го направи…
Прочитај повеќе

Презентација | Коста Петров, P World: Повеќе од трендови: Верувањето на вашиот бренд е се!

07.10.2025

Во свет каде што вниманието се брои во секунди, а трендовите траат колку еден swipe, највредната и најретката валута за…
Прочитај повеќе

Презентација | Марија Мешкова, Zenfluent: Креаторот како ceo – Не креираме содржина, градиме светови 

01.10.2025

Кога креативноста ќе се спои со визија, настанува нешто многу подлабоко од обична содржина, се гради свет. Токму оваа трансформација…
Прочитај повеќе

Презентација | Јасмин Алиќ, Linkedin Growth Expert: Психологијата зад linkedin објавите што навистина конвертираат 

30.09.2025

Во време кога дигиталната комуникација е пребрза, а вниманието сѐ пократко, умешноста да се напише нешто што ќе биде прочитано…
Прочитај повеќе