1.10.2025
Кога креативноста ќе се спои со визија, настанува нешто многу подлабоко од обична содржина, се гради свет. Токму оваа трансформација на улогата на креаторот беше во фокусот на излагањето на Марија Мешкова, контент креаторка во Zenfluent, на фестивалот за дигитална креативност и технологии „Socialize 2025“. Преку концептот „Креатор CEO“, Мешкова ги оспори традиционалните гледишта во маркетинг-индустријата според кои креаторите се сведени на извршители на брифови. Напротив, тие стануваат носители на визијата на брендот, водечка сила што ја поврзува публиката со светови што самите ги замислуваат и ги создаваат.
Алгоритамот не е шеф
Во ерата на податоци, алгоритми и KPI-опсесии, Мешкова повика на враќање кон суштинското прашање: кој си ти како бренд и што значиш за својата публика? „Алгоритамот не ти е шеф. Идендитетот ти е.“ порача таа, потенцирајќи дека вистинската поврзаност не се гради преку следење трендови, туку преку доследно раскажување на приказната на брендот. Алгоритмите не се занемаруваат, но не смеат да бидат водилка, тие се алатка, а не компас.
Пораката што не одбива, не конвертира
Во обидот да им се допаднат на сите, многу брендови стануваат невидливи. Мешкова предупреди дека неутралната комуникација не остава впечаток „Ако твојата порака не предизвика реакција, нема ни да конвертира“, истакна таа. Според неа, вистинскиот маркетинг не се плаши од поделени мислења, напротив, токму поларизацијата укажува дека испраќате порака со јасна позиција. А само таквите пораки создаваат лојалност и долгорочно влијание.
Виралност без вредности = хаос
Една од клучните пораки во нејзиното излагање беше дека виралноста сама по себе не е цел – таа е средство, кое без јасна вредносна рамка води кон хаос. „Виралност без усогласеност е хаос.“ нагласи Мешкова. Брендовите што постигнуваат долгорочен успех се оние што имаат храброст први да зачекорат во светот што самите го изградиле. Публиката препознава визија и доследност, и токму тоа ја претвора во заедница.
07.10.2025
07.10.2025
30.09.2025
26.09.2025