ФЕСТИВАЛОТ ЗА ДИГИТАЛНА КРЕАТИВНОСТ И ТЕХНОЛОГИИ – SOCIALIZE 2025 УСПЕШНО СТАРТУВАШЕ СО СВОЕТО ПРВО ИЗДАНИЕ 

Со повеќе од 400 учесници, инспиративни говорници, динамични работилници и доделување на првите Socialize Awards, фестивалот постави нови стандарди во дигиталната индустрија.

Вчера, во хотелот Александар Палас, се одржа првото издание на фестивалот за дигитална креативност и технологии „Socialize 2025“, кој ги собра највлијателните експерти од македонската и регионалната сцена на дигиталниот маркетинг, технологиите и креативната индустрија. Фестивалот, кој пулсираше со креативна енергија, иновации и инспиративни идеи, го посетија над 400 учесници, меѓу кои маркетинг професионалци, технолошки експерти, претприемачи, инфлуенсери, контент креатори, студенти и ентузијасти од различни сфери на дигиталниот и технолошкиот свет.

Со темата „Локални ѕвезди со глобални успеси“, конференцискиот дел на фестивалот понуди богата и квалитетна агенда исполнета со инспиративни говори, панел дискусии и ексклузивни презентации за најновите трендови во маркетингот, моќта на LinkedIn, тајните на виралните TikTok видеа, подемот на Creator CEO, контроверзната тема за инфлуенсери наспроти креатори на содржина, револуцијата наречена BNPL (Buy now, pay later), важноста на UX и содржината, примената на вештачката интелигенција, законската регулација на инфлуенсерите и неверојатни приказни за раст и скалирање.

Особено внимание привлече настапот на Јасмин Алиќ, меѓународно признат LinkedIn експерт и копирајтер, чие искуство и совети за дигитален раст беа од огромна вредност за присутните. Тој ја воодушеви публиката со своето предавање „Психологијата зад високо-конвертирачките објави на LinkedIn“, нудејќи длабок увид во стратегиите за изградба на влијание на оваа професионална мрежа.

Во рамките на конференцискиот дел на фестивалот, за прв пат беше презентирана ексклузивна и сеопфатна анализа на дејноста на маркетинг агенциите во Македонија, подготвена од водечката платформа за бизнис интелигенција и финансиска анализа – Бизнис Мрежа. Оваа анализа обезбеди уникатен увид во клучни макроекономски показатели, сегментација на агенциите, нивниот економски придонес и одржливоста на стартапите во оваа индустрија.

Преку интерактивни работилници организирани во експо зоната на фестивалот, учесниците добија директен увид во процесот на креирање видео контент со најпознатите македонски и регионални контент креатори и инфлуенсери, учеа за UX/UI дизајн, мобилни апликации и нови дигитални алатки, а фестивалот се претвори и во центар за вмрежување со посебни speed dating сесии, каде што се создаваа нови партнерства, идеи и можности за работа.

Круна на настанот беше свеченото доделување на првите Socialize Awards – награди кои ги препознаваат и наградуваат најиновативните проекти, креативни кампањи и влијателни дигитални креатори во Македонија. Стручна жири комисија, составена од 17 реномирани експерти од областа на дигиталниот маркетинг и технологиите, ги избра најдобрите во 10 категории, по внимателен избор меѓу повеќе од 80 исклучителни пријави што се истакнаа по својата креативност и иновативност.

Во продолжение се добитниците на наградите Socialize Awards:

  • Најдобар UI/UX дизајн: Телеком МК
  • Најдобра мобилна апликација: Телеком МК
  • Најдобар поткаст: Startup Revolution – СТАРТАП КЛУБ
  • Инфлуенсер на годината: Готвиме со Фичо – Филип Поповски
  • Дигитален дизајн на годината: Халк EZ – Халкбанк
  • Ѕвезда во подем на социјалните медиуми: Сакаш.мк – Гордан Миленковски
  • Најдобро кратко маркетинг видео: Fidesmo pay – Халкбанк
  • Најкреативна кампања на социјалните медиуми: Start-Up Package – Халкбанк
  • Најдобра општествено одговорна кампања: Крени глас против врсничко насилство – New Moment New Ideas Company
  • Регионален дигитален микс: Имлек Протеин – Млекара АД Битола

Посебен момент на вечерта беше доделувањето на наградата за дигитална хуманост, признание кое не се доделува врз основа на конкуренција, туку според вредности, влијание и човечност. Со стоечки овации, публиката ја поздрави платформата #SupportKocani, која во најтешките мигови ја мобилизираше дигиталната заедница, инспирираше акција и покажа дека дигиталниот свет може да биде извор на вистинска солидарност.

„Со одржувањето на Socialize 2025 ја покажавме силата и потенцијалот на македонската дигитална сцена. Горди сме што фестивалот стана важна платформа за поврзување, инспирација и признание на најдобрите во индустријата. Големиот одѕив ни покажува дека интересот за дигитални иновации и креативност е на високо ниво. Во иднина, продолжуваме да ја инспирираме, едуцираме и поврзуваме дигиталната заедница, придонесувајќи кон понатамошниот раст и развој на индустријата, како во земјата, така и во регионот.“, истакнаа организаторите на фестивалот.

Со ветување дека следната година ќе биде уште поголем и повозбудлив, фестивалот за дигитална креативност и технологии „Socialize“ го зацврсти своето место како клучен настан за дигиталната иднина на Македонија и регионот.

Сите информации за фестивалот Socialize 2025 може да се погледнат на официјалната веб страница socialize.mk.

Интервју I Игор Трпковски, Иуте: BNPL (Buy now, pay later) – Од иновација до моќна бизнис алатка

Во бизнис опкружувањето, „Купи сега, плати подоцна – Buy now, pay later“ (BNPL) моделот станува сè повеќе популарен како начин за поттикнување на бизнис продажбите, финансиска флексибилност и уникатно потрошувачко искуство по светски терк.  Кај нас, Иуте Македонија го воведе ова решение пред 3 години и во моментов соработува со повеќе од 650 партнери, 1000 продажни места и 100 е-продавници.

Игор Трпковски, Комерцијален директор на Иуте, објаснува повеќе на темата како BNPL станува катализатор на бизнис промени и трансформација.

BNPL станува сѐ поприсутен на глобално и локално ниво. Како го доживувате неговото влијание врз дигиталната трансформација на пазарот?

Игор Трпковски: Нашето искуство со BNPL покажува дека не станува збор само за флексибилен иновативен финансиски модел, туку вистински катализатор за дигитална и бизнис трансформација. Преку нашата мобилна апликација MyIute, која користи машинско учење и вештачка интелигенција, клиентите можат целосно дигитално да купуваат и плаќаат на рати, брзо, безбедно и транспарентно. За трговците, ова значи нов канал за дополнителна продажба, проширување на клиентската база и зголемени приходи – сето тоа без дополнителен ризик и со лесна и едноставна интеграција без дополнителни трошоци. Исплатите се вршат истиот ден и нивната ликвидност никогаш не доаѓа во прашање.

Какви се конкретните резултати кои ги забележавте кај партнерите што го имаат интегрирано BNPL моделот?

Игор Трпковски: Во изминатата година, нашата партнерска мрежа порасна за 53%, а бројот на ново-интегрирани е-продавници за 40%. Истовремено, базата на активни корисници порасна за повеќе од 25%. На пример, нашиот онлајн партнер и еден од најбрзорастечките маркетплејси Супермарт реализираше 40% од вкупната продажба преку нашиот BNPL канал. Ова се силни показатели за ефектот што го има BNPL врз растот и позиционирањето на компаниите во дигиталната економија.

Освен финансискиот аспект кој не вклучува никаков трошок и едноставната ингеграција, што е клучно за успешно имплементирање на BNPL во еден бизнис?

Игор Трпковски: Клучно е партнерството да не заврши со техничката интеграција. Ние нудиме целосна поддршка – од иницијалните консултации и API скрипти за платформите како WordPress, Presta Shop и OpenCart, до заеднички маркетинг активности.

Исто така, партнерите освен што добиваат комплетна поддршка за време на целиот процес на интеграција, добиваат и вклучување во заеднички маркетинг активности со цел соодветна промоција, како и континуирана техничка и партнерска поддршка. Нашата цел е постигнување на долгорочен ефект и резултати.

Какво е значењето на партнерската корисничка поддршка во контекст на BNPL?

Игор Трпковски: Со потпишување на договорот, партнерите добиваат целосна обука. Покрај тоа што целата постапка е дигитална, на располагање е live status платформа на која во исто време работиме ние, а партнерите го следат статусот, пришто активен е и chat box со 24/7 поддршка за партнерската мрежа и нивните вработени.

Освен дигиталниот процес, достапност и напредни алатки, на располагање имаме мрежа од теренски координатори на партнерската мрежа, кои се распределени низ цела држава и достапни за партнерите за време на целото работно време.

Несомнено е дека денес, клиентите, односно потрошувачите бараат брзи, јасни и достапни одговори. Нашата цел е заеднички со партнерите да им овозможиме целосна достапност, транспарентност и врвно корисничко искуство, токму она што е потребно за креирање на релации од доверба и лојалност.

Колку е важна креативноста и дигиталната присутност во денешното работење и како Иуте го негува тој пристап?

Игор Трпковски: Во Иуте сме посветени на градење култура на креативност, каде што се охрабрува секој тим да размислува „надвор од шаблонот“ и да ги следи глобалните трендови. Веруваме дека дигиталната присутност денес не е опција, туку основа за кредибилитет, раст и доверба. Токму затоа постојано инвестираме во дигитални алатки и нови персонализирани решенија кои го подобруваат корисничкото искуство.

Што би им препорачале на компаниите кои сѐ уште не го имаат интегрирано BNPL моделот?

Игор Трпковски: Нашата препорака е – направете го првиот чекор. Процесот е брз, едноставен и безбеден. Нашиот тим е тука за целосна техничка и бизнис поддршка, од иницијална евалуација до имплементација и заедничка промоција. Во време кога BNPL пазарот во Европа надмина 220 милијарди долари, а бројот на корисници глобално се движи кон 900 милиони до 2027, прашањето е само кога, а секако – колку побрзо, толку подобро за вашиот бизнис.

Бизнисите кои се иновативни и сакаат да растат на долг рок, веќе ја препознаа оваа алатка како одлична можност за бизнис експанзија и пазарен раст, нудејќи им на своите корисници уникатно и иновативно потрошувачко искуство.

ЕКСКЛУЗИВНА АНАЛИЗА НА МАРКЕТИНГ ИНДУСТРИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

На првиот фестивал за дигитална креативност и технологии Socialize 2025, ексклузивно ќе биде претставена првата сеопфатна анализа на маркетинг индустријата во Македонија, подготвена од Бизнис Мрежа, водечката платформа за деловна интелигенција и финансиски анализи. Оваа анализа ќе понуди податоци кои ќе ги  отворат вратите за подлабоко разбирање на индустријата која го креира имиџот, пораката и комуникацијата на брендовите во земјата. 

Што содржи анализата? 

1. Макроекономски показатели за маркетинг индустријата 

  • Вкупен број на компании што работат во сферата на маркетингот 
  • Вкупни приходи и добивка на индустријата 
  • Вкупен број на вработени лица во дејноста 

Овие податоци даваат прецизен преглед за економската важност и обемот на маркетинг секторот во домашната економија. 

 
2. Сегментација на маркетинг агенциите 

Анализата нуди длабока категоризација на агенциите според: 

  • Локација (по градови) 
  • Дејност (PR, дигитален маркетинг, брендинг, медиапланирање, и др.) 
  • Година на основање:

    • до 5 години
    • 5-10 години
    • над 10 години
  • Сопственост: 

    • Македонска
    • Странска
  • Приходи: 

    • Топ 10 агенции по приход
    • Групирање: до 6 милиони денари, 6-30, 30-60, 60-100, над 100 милиони денари 
  • Добивка: 

    • Топ 10 агенции по добивка
    • Групирање: до 3 милиони, 3-6 милиони, над 6 милиони денари
  • Број на вработени: 

    • 0
    • 1-5
    • 6-10
    • 11-25
    • 25-50
    • 50+
  • Топ 10 македонски компании по приход 

Овие податоци овозможуваат подобро разбирање на пазарната структура и конкурентската распределба. 

 
3. Импакт во државната каса 

Маркетинг индустријата не само што генерира вредност, туку и придонесува во државниот буџет: 

  • Вкупно платени даноци од дејноста 
  • Удел на топ 20% компании во вкупните уплати кон државата 

 
4. Стартапи и одржливост на нови агенции 

Изминативе години сведочиме на раст на нови маркетинг бизниси. Анализата ги опфаќа: 

  • Број на новоосновани агенции (2020 – Q1 2025) 
  • Процент на активни/неактивни компании 
  • Број на згаснати агенции 
  • Компании во стечај и ликвидација 

Овие податоци ќе дадат слика за одржливоста и динамиката на стартап сцената во маркетингот. 

5. Буџети за маркетинг во македонската економија 

Со посебна методологија, анализава ги истражува: 

  • Маркетинг буџетите на македонските компании 
  • Потрошувачката на маркетинг и комуникациски активности според достапните јавни и финансиски извештаи 

Зошто е важна оваа анализа? 

✅ Првпат добиваме структуриран и финансиски прецизен увид во маркетинг индустријата во Македонија 
✅ Компаниите ќе разберат каде и како се трошат маркетинг буџетите 
✅ Агенциите ќе можат да ја оценат својата позиција во однос на конкуренцијата 
✅ Стратешки алат за инвеститори, маркетинг менаџери, и претприемачи 

Подготвено од Бизнис Мрежа 

Со повеќе од 12 години искуство, Бизнис Мрежа е најрелевантниот извор за пазарни и финансиски податоци во Македонија. Нашата онлајн платформа овозможува: 

  • Деловна интелигенција 
  • Конкурентски анализи 
  • Паметни деловни одлуки 

Не пропуштајте! 

Бидете дел од Socialize Digital Creativity & Tech Festival и добијте пристап до оваа ексклузивна анализа што ќе ги отвори клучните прашања за иднината на маркетинг индустријата во земјаваКУПИ КАРТИ ТУКА

Нов рок за аплицирање за награди: 15 АПРИЛ 2025

Доколку сте дел од тим кој создава исклучителни дигитални искуства или имате проект, апликација, поткаст или кампања што направила „бум“ оваа година, време е да блеснете!

 Пријавете се за наградите што ги слават најдобрите во дигиталната и креативната индустрија!


🗓️ Нов рок за аплицирање: 15 АПРИЛ 2025

По голем интерес и барање од страна на компании и агенции, рокот за аплицирање е продолжен до 15.04.2025, па затоа не ја пропуштајте шансата да го пријавите вашиот проект!

Категории во кои можете да се пријавите:

Најдобар UI/UX дизајн

Дизајн што не само што изгледа одлично, туку и функционира совршено? Покажете како ја спојувате естетиката и функционалноста за беспрекорно корисничко искуство.

📱 Најдобра мобилна апликација

Вашата апликација е иновативна, практична и обожавана од корисниците? Време е да го признаеме вашиот труд, дизајн и функционалност.

🎙️ Најдобар поткаст

Квалитетна продукција, интересни гости, уникатна приказна? Пријавете го поткастот што создава аудио искуство што се памети.

👑 Инфлуенсер на годината

Дали оваа година беше ваша? Покажете како вашата креативност, влијание и ангажман ја обликуваа дигиталната сцена.

🖥️ Дигитален дизајн на годината

Имате проект со дизајн кој ги спојува иновативноста, убавината и функционалноста? Пријавете го и добијте го признанието што го заслужувате.

🎬 Најдобро кратко маркетинг видео

Кратко, но моќно видео кое ја пренесе пораката со максимален ефект? Пријавете го и споделете го успехот.

🌟 Ѕвезда во подем на социјалните медиуми

Сте се пробиле на социјалните мрежи со брзина на светлина? Покажете зошто токму вас ве следат сите!

💡 Најкреативна кампања на социјалните медиуми

Вашата кампања поместуваше граници? Споделете ги вашите иновативни идеи и постигнати резултати.

🌍 Најдобра општествено одговорна кампања

Создадовте кампања што направи реална разлика во општеството? Пријавете ја вашата влијателна и инспиративна приказна.

🌐 Регионален дигитален микс

Успеавте да комуницирате со публика низ целиот регион преку различни дигитални канали? Споделете како паметно таргетиравте и комбиниравте канали за максимален ефект.

📩 Кој може да се пријави?

✔️ Индивидуалци
✔️ Агенции
✔️ Фриленсери
✔️ Компании
✔️ Стартапи
✔️ Инфлуенсери и контент креатори

Имате време до 15 април!

Покажете што сте создавале, што ве прави различни, и зошто заслужувате да бидете на врвот на дигиталната сцена.

Пријавувањето е отворено! АПЛИЦИРАЈТЕ ТУКА и можеби токму вие ќе бидете следната голема дигитална приказна!

“Buy now, pay later” револуцијата: Го трансформираме пазарот и растеме заедно

Флексибилниот модел на плаќање „Купи сега, плати подоцна-Buy now pat later“ кој Иуте Македонија пионерски го воведе на пазарот, веќе одамна е тренд кај потрошувачите.

Во целиот процес се имплементирани машинско учење и вештачка интелигенција, а моделот е веќе интегриран кај повеќе од 650 партнери-трговци, над 850 продажни места и 100 е-продавници.

Станува збор за многу поефикасна и покомфорна алтернатива на кредитните картички, каде што производот или услугата можат да се купат со едноставно скенирање и флексибилна распределба на месечните рати и износи, онака како што на купувачот му одговара, пришто постои опција за одложување на првата рата. Производот или услугата се земаат веднаш, а со плаќање се започнува од следниот месец.

Целиот процес е целосно дигитален и достапен преку апликацијата Myiute, каде што на едно место може да се аплицира, да се направи потврда на идентитетот и дигитално да се потпише договорот, додека купувањето во партнерска мрежа е овозможено преку едноставно скенирање на  QR код. 

Целиот процес на идентификација и верификација е брз и безбеден, преку интегрирана регистрирана безбедносна шема во партнерство со Евротраст.

Моделот “Купи сега, плати подоцна” е одличен избор за секој паметен купувач.

“Се повеќе корисници и наши потрошувачи го бираат овој модел како алатка која значително им го олеснува потрошувачкото искуство, а од друга страна е целосно безбедна и овозможува планирање на буџетот по сопствена мерка. На пример, Iute Smart 0% е начин на плаќање за кој купувачот нема никаков трошок. Доколку тој се одлучи  за производ кој чини 4.000 МКД на 4 рати, тогаш враќа 4×1.000 МКД. Првата рата е еден месец по одобрувњето.  Доколку пак сака да отплаќа на подолг период со ниска месечна провизија и отплата до 36 рати, изборот е Iute Flexi.” -велат од Иуте.

Финтек компаниите веќе не се насочуваат кон неопслужени клиенти, туку кон оние кои бараат подобро корисничко искуство од традиционалните банки, кои сè уште имаат долги и сложени процеси, особено за подигнување кредити.

Прочитајте повеќе како функционира овој модел на нашиот пазар.